"Микросам" со автоматизирани линии за производство на резервоари

Bez autora
Jun 19 2011

Прилепски "Микросам" промовираше две автоматски линии за производство на резервоари за течен гас, компресиран гас под притисок и резервоари за водовод. Како што информираат од компанијата ова е прв ваков инженерски подвиг кај нас, а во светот единствен од ваков тип. Линиите веќе се продадени во Индија. Двете линии се подготвени за шест месеци, а за ова "Микросам" соработува со партнер од Германија кој ги произведува резервоарите, а со линијата во Прилеп тие се обмотуваат со композитен материјал. Од "Миркосам" информираат дека тие најголема примена ќе имаат во автомобилската индустрија и оти квалитетно и сигурно ќе ги заменат досегашните метални и поопасни резервоари. Според менаџерот Самоил Самак, предностите се големи, а цената е прифатлива за крајниот купувач.

"Микросам" со автоматизирани линии за производство на резервоариПрилепски "Микросам" промовираше две автоматски линии за производство на резервоари за течен гас, компресиран гас под притисок и резервоари за водовод.

Како што информираат од компанијата ова е прв ваков инженерски подвиг кај нас, а во светот единствен од ваков тип. Линиите веќе се продадени во Индија.

Двете линии се подготвени за шест месеци, а за ова "Микросам" соработува со партнер од Германија кој ги произведува резервоарите, а со линијата во Прилеп тие се обмотуваат со композитен материјал.

Од "Миркосам" информираат дека тие најголема примена ќе имаат во автомобилската индустрија и оти квалитетно и сигурно ќе ги заменат досегашните метални и поопасни резервоари. Според менаџерот Самоил Самак, предностите се големи, а цената е прифатлива за крајниот купувач.
-Нивните резервоари се многу полесни од досегашните метални и далеку посигурни за луѓето во автомобилите на патиштата. Освен тоа, иако технолошкиот процес е поскап, резервоарите за крајниот купувач се со иста цена како досегашните. Линиите веќе се продадени во Индија, ќе се испорачаат наесен, а за в година во завршна фаза се договорите за испорака на такви автоматизирани линии во Германија, Русија, Јапонија - вели Самак. Според него една линија годишно може да произведува од 50.000 до еден милион резервоари.

Експертите сметаа дека ова е највисок технолошки дострел во Македонија, а линијата, како што уверуваат од "Микросам", е единствена таква автоматизирана во светот и пет пати го зголемува производството на резервоари од досегашниот начин.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik